ИНТИМНОСТ

Ханиф Курејши

(2005, 122 страни)

превод од англиски: Саше Тасев

цена: 199 денари

РАСПРОДАДЕНО




Непосредно пред 17. Саем на книгата во Скопје, младиот издавач "Или-или" го издаде својот трет наслов, краткиот роман "Интимност" од Ханиф Курејши, подеднакво популарен и атрактивен како и претходните два (романите "Читачот" од Бернхард Шлинк и "Не ми е страв" од Николо Аманити). Курејши е современ англиско-пакистански раскажувач, релативно непознат за македонската читателска, но не и за филмската публика. Пред да се објави овој популарен наслов на македонски јазик, имавме можност да го гледаме (дури и на ТВ) истоимениот филм на Патрис Шеро работен според делото на Курејши кој во 2001 година ја доби Златната мечка на Берлинскиот филмски фестивал. Приопштувањето на ова дело на македонски јазик (превод: Саше Тасев) и покрај повремените груби, јазични решенија и заматени стилски нијанси, е мошне значајно за нашиот читател, љубопитен за вкусот на условно наречените "европски" читатели. Иако "Интимност" прв пат е објавен на англиски јазик во 1998 година, неговата популарност не опаѓа, напротив, постојано расте.
Она по што читателите бездруго ќе го запомнат овој занимлив текст е неможноста да се одредат мерката и видот на интимата, зашто посакуваната и непосакуваната се две лице на исто чувство, текст, краток роман...

Оливера Ќорвезироска



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани