НЕВИДЛИВИ ГРАДОВИ

Итало Калвино

(2006, 180 страни)

превод од италијански: Анастасија Ѓурчинова

цена: 299 денари

РАСПРОДАДЕНО




Оваа неодолива збирка раскази, напишана врз една позната матрица – патописната проза Милион од Марко Поло, ги содржи описите на најчудесните градови што Марко ги "видел" на своите патувања, а кои потоа му ги прераскажува на својот господар – Кублај Кан.
Секој град кај Калвино носи име на една жена, која го заведува читателот со своите необични облици, конструкции и варијанти, како и со тајните соодноси меѓу нештата кои навидум изгледаат неспоиви. Градовите во оваа книга, кои се лебдечки, пловечки, висечки, небесни или подземни, се извонредна можност за авторот преку нив да ја искаже својата најдлабока рефлексија за светот и животот воопшто.Сликата и симболот на градот кај Калвино се разработени од најразлични можни аспекти, а сите опишани градови се вклопени во заедничка мрежа, во една строга и прецизна структурна форма, претставувајќи извонреден пример за постмодерната ars combinatoria.



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани