БЕГСТВА ОД ЉУБОВТА

Бернхард Шлинк

(2006, 250 страни)

превод од германски: Ксенија Чочкова

цена: 350 денари

РАСПРОДАДЕНО




По големиот успех со романот "Читачот" Бернхард Шлинк со збирката раскази "Бегства од љубовта" го потврдува водечкото место ма актуелната германска книжевна сцена. Шлинк е брилијантен раскажувач кој приказната ја води со јасност и трезвеност се до самиот крај. Овој крај е консенквентен и секогаш изненадувачки. Различните состојби во љубовта, бегството од љубовниот копнеж или неговото потиснување, скриената или откриената љубов, бесперспективната моќ на навиките, Шлинк ги опсервира како прецизен набљудувач, фрлајќи поглед и зад фасадата. Толку богати со различности како во вистинското секојдневие, јунаците на неговите приказни откриваат колку љубовниот копнеж може да биде судбоносен. Седумте раскази во оваа збирка се истовремено прикази од големиот град, како средиште на емотивното, социјалното, културното битисување на современиот човек, и приказ за изгубената генерација, која постојано се сопнува од товарот на своето минато.



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани