БОЛЕСТИТЕ НА МОДЕРНОТО ВРЕМЕ

Чарлс Тејлор

(2012, 130 страни)

превод од англиски:
Ацо Пероски


цена: 250 денари




Во "Болестите на модерното време" авторот се фокусира врз модерниот концепт на само-исполнување, често напаѓан како централна поддршка на она што се дефинира како "култура на нарцизам". Мислењата околу трансформацијата на модерната култура и општество се поларизирани, па токму затоа Тејлор се обидува аргументирано да одговори што треба да претставуваат суштинските потреби на современиот човек, не прескокнувајќи ги традиционалните вредности и социјалните обврски во заедницата како автентични импулси кои треба да бидат вградени во вредностите на новото време. Неговиот став дека со разграничување на доброто кон кое се стремиме од социјалните и политичките опасности кои постојано не демнат, можат да создадат добра база за подобро утре на човештвото.



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани