ИЗВОРИТЕ НА СЕПСТВОТО

Чарлс Тејлор

(2013, 224 страни)

превод од англиски:
Ацо Пероски


цена: 630 денари




„За академската читателска публика, Чарлс Тејлор е еден од најзначајните филозофи на нашето време.“ Contemporary Sociology

„Во последниве неколку децении, Изворите на сепството несомнено е едно од најзначајните дела од областа на филозофијата на моралот и историјата на идеите... Неверојатно длабоко и продуховено истражување на модерниот идентитет.“ Times Literary Supplement

„Ова големо дело претставува сложен и добро изведен спој на историски и теориски пристап кон двете најважни теми во современата филозофија - моралот и идентитетот... Ретки се книгите кои истовремено нудат толку широк опсег во истражувањето и толку храбри и важни заклучоци.“ New York Review of Books

„Национализмот неизбежно опфаќа извесни нарации, често измислени, фантастични и анахрони, понекогаш приближувајќи се до мистификација, при што крајно произволни политички конструкции се обвиваат со ореол на лажна древност. Но, за да има идентитет, нацијата на еден или на друг начин бара и развива одредена слика на својата историја, генеза и развој - на своите страдања и своите достигнувања. Овие приказни нè опфаќаат целосно и образуваат слики за нас и за нашето минато - и тоа повеќе отколку што обично сме свесни. Тоа е крајно важен вид на експресивно обликување на нашиот свет.“



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани