ИГРАТА НА ДЕ НИРО

Рави Хаж




цена: 390 денари




Играта на Де Ниро е фасцинантна приказна за двајца пријатели кои растат заедно во завојуваниот Либан, во срцето на градот Бејрут кој е поделен на христијанска и муслиманска половина. Додека главниот лик Басам се обидува да се снајде низ воениот хаос и да собере доволно пари за да побегне на запад, неговиот пријател Жорж им се приклучува на паравоените структури. Играта на Де Ниро е потресен, драматичен и суптилно напишан роман за пријателството, војната, љубовта, смртта и за бегството од сопствената земја која полека исчезнува. За овој дебитантски роман канадскиот писател со либанско потекло, Рави Хаж, во 2008 година ја добива престижната меѓународна награда IMPAC Dublin.

„Книга која плени со своите необични слики во кои се преплетуваат суровата реалност и естетското задоволство. Роман кој ги поседува сите квалитети што се очекуваат од современата книжевност која ги допира важните теми во нашиот денешен свет.“

Literary Review of Canada

„Подеднакво енергична и поетична приказна во склад со бруталноста и нежноста на оваа незаборавна приказна за пријателството и војната, за љубовта и смртта“.

Publishers Weekly



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани