ИСПОВЕДНИ ФИНЕСИ

Влатко Галевски




цена: 250 денари




...Десет дена гестикулиравме, пантомимиравме и ономатопеиравме во вода и на суво. И многу се бакнувавме. За Финците знаев дека скијаат, дека им е студено и носат големи ќулафки, дека имаат илјадници езера, дека сауните им се фински и се возат со ирваски запреги со санки. Лати велеше дека сето тоа би го дала за вакво море. Успеав да кажам дека сето море е во нејзините очи...

...Вие (идни покојници) можете да живеете валкано колку што сакате, можете да штедите вода (и сапун) за своето капење а да се возите во тазе испрано порше, можете да ручате со неизмиени раце и по големата нужда, но знајте дека од последното капење нема да се спасите. А во помнењето на оние по Вас - каква иронија - секогаш ќе останете нечисти.

Со „Исповедни финеси“ Влатко Галевски формулира едно апсолутно исклучително и исто толку потребно стојалиште на обновен респект за автентичноста на нашиот сопствен живот. Длабоко сум убеден дека книгава што ја држите во рацете спаѓа во онаа хуманистички инспирирана и естетски афирмирана литература од рангот на Саројан, Селинџер, Ефраим Кишон, а којашто одигра витална улога во самопочитување на цели генерации.

Ферид Мухиќ



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани