Илјадагодишната есен на Јакоб де Зут

Дејвид Мичел

превод од англиски: Ацо Пероски




цена: 590 денари




Јапонија, 1799 година. Најмистериозното и најзатвореното царство на Далечниот исток е поврзано со остатокот од светот само преку едно мало пристаниште, вештачкиот остров Деџима, кое служи за трговија со тогашната најмоќна колонијална сила - Холандија. Користејќи го овој историски контекст и преземајќи за основа вистински настани и личности, Дејвид Мичел во овој прекрасен роман стрпливо и вешто ја гради ја незаборавната приказна за младиот холандски писар Јакоб де Зут, кој доаѓа во Јапонија за да стекне големо богатство, но наместо тоа ќе го изгуби срцето.

Илјадагодишната есен на Јакоб де Зут е најзрелиот и најуспешниот роман на Дејвид Мичел, со кој авторот само ја потврди својата светска слава стекната со брилијантното дело Атлас на облаците. Во него се преплетуваат љубовна приказна, елементи на авантуристички роман, политички трилер и ориентална мистика, обединети во прекрасно напишана проза која го остава читателот без здив. Мичел вешто ги допира темите кои се типични за целиот негов опус - страста и моќта, честа и предавството, корумпираното општество, власта над другите луѓе и идејата за бесмртноста - а внимателните читатели ќе откријат и неколку ликови и детали кои можеме да ги пронајдеме и во Атлас на облаците.



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани