НЕЖНО... НАВИСТИНА НЕЖНО

Вуди Ален

(2007, 180 страни)

превод од англиски: Ацо Пероски

цена: 333 денари

РАСПРОДАДЕНО




И тоа се случи! Прозата на генијалниот Вуди Ален за прв пат на македонски јазик. Иако невротичниот Њујорчанец го препознаваме пред се по неговиот автентичен филмски јазик, сепак, неговата 'луда потреба постојано да создава, бидејќи доколку си седи мадро, ќе полуди' се состои и од многу напишани страници со раскази, кои, на некој начин, се дури и пооткачени од неговите филмови. Пред вас е изборот од 20 приказни, поместени во неговите три збирки раскази: "Израмнување на сметките", "Без пердуви" и "Несакани дејства", кои со својот несомнен хумор со сигурност ќе го разбудат заспаниот намќор во вас. Со среќа!



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани