ВРАЌАЊЕ ДОМА

Бернхард Шлинк

(2007, 380 страни)

превод од германски: Ксенија Чочкова и Ива Фиданчева

цена: 399 денари

РАСПРОДАДЕНО




По извонредниот прием кај нашата читателска публика на романот Читачот и збирката раскази Бегства од љубовта на современиот германски писател Бернхард Шлинк, издавачот ИЛИ-ИЛИ го објави и неговиот најнов роман Враќање дома.(превод од германски: Ксенија Чочкова и Ива Фиданчева) Се работи за долго очекуван, навистина инзвонреден роман: Враќање дома, во најмала рака е исто толку добар колку и Читачот. Во него има се што Шлинк досега успешно го направил: мудра анализа на злото, приказна за љубовта, и сето тоа раскажано во убава проза, која зазема исклучително место во современата литература. Враќање дома го внесува читателот во една возбудлива потрага по корените на сопственото битие, животна потрага којашто често ја затемнуваат облаците на минатото кои никако да исчезнат.

За овој роман нашата позната писателка Оливера Ќорвезироска вели: "Романот Враќање дома е од типот 'романи за романот', но во една мошне оригинална смисла: главниот лик трагајќи по фиктивниот лик од книгата што ја читал во детството( не заборавајте дека и тој е фиктивен, иако Шлинк ве принудува да мислите оти е реален!) го пронаоѓа ' стварниот ' автор кој истовремено е и негов биолошки татко! Совршено смислено, стрпливо и интелигентно раскажано. Враќање дома е модерна 'Одисеја', по малку постмодернистички ситуирана во Хомеровата".



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани