МЕРЕЊЕ НА СВЕТОТ

Даниел Келман

(2009, 294 страни)

превод од германски: Ива Фиданчева

цена: 299 денари

РАСПРОДАДЕНО




Романот Мерење на светот е базиран врз историски настани од 19 век поврзани со двајца славни научници - истражувачот Александар фон Хумболт и математичарот Карл Фридрих Гаус, кои се зафаќаат со неверојатен потфат: секој од нив на свој начин се обидува да го измери светот. Хумболт патува низ прашуми и степи, плови по реки и мориња и се искачува по планини, ги истражува егзотичните цивилизации, се бори со морски чудовишта и човекојадци. Гаус пак своите истражувања ги врши со математички формули, без воопшто да го напушти родниот град Гетинген. Двајцата легендарни научници се сретнуваат само еднаш во животот - во Берлин во 1828 година, кога веќе се славни, стари и по малку сенилни. Околу оваа историска средба Келман ја гради својата хумористична и динамична приказна, која си игра со реалноста и фикцијата и е преполна со возбудливи епизоди, впечатливи ликови, неверојатни сплетки и интересни истражувања на европскиот, и особено германскиот "научен дух".



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани