ПОСЛЕДНИОТ СВЕТ

Кристоф Рансмаер

(2009, 236 страни)

превод од германски: Катерина Јосифоска

цена: 350 денари




Романот Последниот свет, прогласен од критиката за ремек дело и за еден од најзначајните романи на нашето време, е приказна за потрагата на еден млад човек по прогонетиот поет Публиј Овидиј Насон и неговото изгубено дело. Помеѓу насилството на бирократијата, страдањата на поетот и вечноста на уметноста, Рансмаер создава визионерски пејзаж, преобразен простор во кој се спојуваат античкиот и современиот свет. Последниот свет го внесува читателот во универзум управуван од моќта на митологијата, во свет на распаѓање што се наоѓа на еден чекор од апокалипса.



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани