ВАДИСРЦЕ

Борис Вијан

(2009, 196 страни)

превод од француски: Ацо Пероски

цена: 350 денари




Последниот роман на Борис Вијан, напишан пред неговата смрт во 1959 година, е неговото најсериозно и најразиграно дело. Во низа бизарни и апсурдни епизоди, Виан ја раскажува приказната за психијатарот Жакмор кој, во потрага по "жртва" за неговите психоаналитички сеанси, доаѓа во едно приморско изолирано село, во кое живеат чудни жители со уште почудни навики. Покрај низата неразбирливи настани, како панаѓури на кои се продаваат луѓе или брутални жртвувања на животни, психијатарот се соочува и со најчудната загатка: трансформацијата на апсолутната љубов во насилство.
Вадисрце е динамичен, невообичаен и напнат роман, преполн со изненадувања и фантастика и совршено напишан. Како извонреден спој на комичност и алегоричност, овој роман претставува и длабока парабола за човековата слобода и насилството.



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани