ГОЛ ЖИВОТ

Луиџи Пирандело

(2010, 260 страни)

превод од италијански: Катерина Сотирова и Бранка Николовска

цена: 390 денари




Пирандело ги пишува своите раскази за време на целиот живот. Самиот тој за насловот Novelle per un anno (Раскази за цела година), вели дека „можеби звучи скромно, но навистина станува збор за амбициозен потфат.“ Во 1922 г. почнал да работи според еден општ план којшто предвидувал серија од 25 тома, секој насловен според првиот расказ од соодветната збирка. Пирандело успеал да заврши само 14 тома, на кои постхумно се надоврзува објавниот Una giornata (Еден ден).

Токму во расказите може да се најде неверојатно преплетување на теми, материјали, ситуации, перспективи, коишто се наоѓаат во основата на целокупното творештво на Пирандело. Овие раскази сочинуваат „многу мали огледала“ во кои се одразува неговата горчлива визија за животот. По една мака и еден расказ за секој ден. Овие раскази без редослед и без врамувања, нанижани еден по друг, брзо и директно ја претставуваат најреалната слика на фрагментарноста и на хаосот на постоењето, во која продира остриот поглед на Пирандело, ги истражува вртоглавите длабочини на психата и ја здробува лажната сигурност. Расказите намерно не се наредени по некој замислен редослед, туку сосема случајно се редат еден по друг, со цел да му се овозможи на читателот да се движи слободно меѓу нив без притоа да биде насочуван од авторот.



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани