ПЕНАТА НА ДЕНОВИТЕ

Борис Вијан

(2010, 290 страни)

превод од француски: Валентина Новачева

цена: 390 денари




Шармот на овој роман се должи на исклучителното мајсторство на Вијан да нè воведе во еден свет кој истовремено нè воодушевува, забавува и нè возбудува. Колин е млад и убав. Ја среќава Клое, која го носи името на неговата омилена џез-тема во изведба на Дјук Елингтон. Тие се вљубуваат, се венчаваат. Но, Клое почнува да кашла. Неговиот пријател Чик, пак, ја заведува Алис, пријателката на Клое. Чик е сиромашен. Поради тоа, Колин му вели да се ожени за да ја оствари среќата. Но, Чик е растргнат од страст посилна од љубовта, страст која го води до делата на Жан-Сол Партр. Двете паралелни приказни се одвиваат во надреалистична атмосфера, во која ѕидовите се стеснуваат, глувците во бањите си прават лижавчиња од сапун, скршените прозорци се самообновуваат, а дигестивните системи на зајаците им служат на фармацевтите за правeње на експериментални пилули. Незаборавно!

"Да се влезе во книжарница и да се купи оваа книга подразбира да се отфрли малограѓанштината".

Рејмон Кено

„Она што Толкин го постигнал на планот на сликата, Вијан го постигнал на планот на јазикот“.

Никола Бертолино

"Книга по чие читање ќе ви требаат најмалку 24 часа да излезете од неа откако сте ја затвориле".

едиција Broché



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани