СОБИРАЧ НА АВТОГРАМИ

Зејди Смит

(2010, 452 страни)

превод од англиски: Катерина Јосифоска

цена: 500 денари




Алекс-Ли Тандем има чудна професија: тој продава автограми, ги лови имињата на славните луѓе запишани на хартија, ги собира и ги препродава, но исто така и ги фалсификува, сакајќи да им го даде на луѓето она за што сонуваат: мал дел од славата. Алекс оди во потрага по автограмите на два континенти, се обидува да ги разбере мистичните филозофии на Кабалата и Зен-будизмот, станува збунет сведок на уништувањето на неговиот сопствен живот и, сосема случајно, успева да открие еден мал дел од неговото вистинско „јас“, кое не може ниту да се купи ниту да се продаде, туку мора да се прифати. Собирач на автограми е истовремено трогателен и комичен осврт на празнините на денешното модерно живеење во кое симболите доминираат над искуството. Зејди Смит, новото големо име на британската книжевност, уште еднаш напиша голема и значајна книга во која се зборува за теми кои се сосема малку застапени во современата литература.



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани