МЕ САКАШ ЛИ ПОД ДОЖДОТ?

Александар Русјаков

(2010, 148 страни)



цена: 250 денари

РАСПРОДАДЕНО




Ја спуштам раката во нејзината коса.

- Не се заебавам Ангела. Јас измислувам. Ќе поминам покрај некој непознат, ќе го пгледнам в лице и му го измислувам животот. Кога ти реков да се измислуваме меѓу себе, не мислев да измислуваме глупости. Ти го спомна немањето пари, невработувањето, дувањето и пиењето вино, водењето љубов и реното на татко ти... Боже, и тоа е нешто! Ние си го измисливме. Луѓето се плашат да немаат пари. Луѓето се плашат да немаат што било. Ние имаме, ангелу! Луѓето се плашат од глупости. Им снемало струја... Боже, мој... Нека си измислат тогаш струја, кога ќе им ја исклучат струјата. А замисли во еден миг да го снема... што знам... денот, на пример. Се будиш... ноќ. Пак се будиш... пак ноќ. Што ќе прават тогаш оние идиоти што се плашат од секакво немање? Ќе излезат на митинг? Ќе седат и ќе кукаат дома? Ќе престанат да се будат? Сеедно. Јас ќе го измислам тогаш денот за тебе и ти ќе знаеш дека тоа е ден измислен само за тебе и се дур` можам да измислувам среќа за тебе ти ќе ми бидеш доволна...



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани