ВОЛШЕБНИКОТ

Џон Фаулс

(2010, 771 страни)

превод од англиски: Ацо Пероски

цена: 690 денари




На еден зафрлен грчки остров, младиот Англичанец Николас Ерф се спријателува со еден мистериозен човек и тоа пријателство полека се претвора во кошмар со неочекувани димензии. Реалноста, фантазијата, митологијата и уметноста одеднаш се преплетуваат во низа шокантни и таинствени епизоди и младиот Ерф се претвора во човек кој очајно се бори да го сочува здравиот разум, но и својот живот. Преполн со симболи, лавиринтска нарација и шокантни изненадувања, Волшебникот е тензичен, провокативен, повеќеслоен и исклучително сложен роман. Затоа, според мислењето многумина, токму Волшебникот е едно од најдобрите остварувања во современата литература.



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани