КРАЈ-ПАТ

Игор Анѓелков

(2010, 155 страни)



цена: 250 денари

РАСПРОДАДЕНО




По одличното дебитантско остварување од 2006 година, збирката раскази "Кротки приказни" во издание исто така на "ИЛИ-ИЛИ", која наиде на одличен прием кај домашните читатели, Анѓелков реши да влезе и во романсиерските води со својот прв роман со интересен наслов, "КРАЈ-ПАТ", и поднаслов "off the road приказна".

"КРАЈ-ПАТ е изразито 'подмолна проза' која не те принудува на ништо, а ти како читател, сепак, правиш се како што таа ќе ти каже! Фрагментарното раскажување се остварува низ одличните 'филмски резови' со кои се постигнува ефект на издвојување на несекојдневното за да се исцрта што пореално токму секојдневното. Романот дискретно си преминува од жанр во жанр, од 'рокенрол проза' си прескокнува во симболична надреалност, од 'роман за растењето' во 'роман за постоењето', од прецизно лоцирано скопско предградие во било која точка од Земјината топка. Затоа, КРАЈ-ПАТ, во најбуквалната и најбаналната смисла на зборот, не се остава од рацете кога ќе почне да се чита. Вакво меко, тивко, а истовремено моќно портретирање на ликовите со минимални и строго селектирани јазични средства одамна не сме прочитале од домашен автор", вели Ќорвезироска во поговорот на книгата, потенцирајќи дека романот на Игор Анѓелков претставува нов здив и дава нова свежина во домашната литература.

- Многумина велат дека да се напише роман е многу потешко отколку да се сними филм. По збирката раскази од пред неколку години, јас влегов во таа игра, сепак, почитувајќи го советот на еден пријател, кој ми рече да се обидам да уживам додека пишувам, а дека сето останато и не е толку важно. Се надевам дека во крајниот резултат, во приказната во романот "Крај-пат", ќе уживаат сите кои ќе ја прочитаат, бидејќи таа е сублимат на работите кои ги сакам и кои, на крајот на краиштата, и професионално ги работам: литературата, филмот, музиката, стрипот.

Игор Анѓелков - изјава по повод промоцијата на романот КРАЈ-ПАТ



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани