ЕСЕН ВО ПЕКИНГ

Борис Вијан

(2011, 270 страни)

превод од француски: Ацо Пероски

цена: 390 денари




Според публиката и критичарите, "Есен во Пекинг" е најсложениот и најуспешниот роман на Борис Виjан. Приказната се случува во една имагинарна пустина наречена Егзопотамија, каде сите главни ликови учествуваат во изградбата на железничка пруга која, всушност, не води никаде. Со специфично мешање на црн хумор и апсурдни сцени, Виjан ја зачинува оваа „пустинска“ авантура со крајно ексцентрични ликови какви што не се забележани во светската литература, освен можеби во Алиса во земјата на чудата од Луис Керол. Истовремено смешни и трагични, сериозни и апсурдни, допадливи и одбивни, овие незаборавни ликови живеат во мрачниот свет на Виjан, каде сè е можно, освен вистинската среќа.

„Есен во Пекинг е своевиден против-отров за сите заморни, здодевни, егоистични и претенциозни ’достигнувања’ на современата книжевност.“

Le Figaro

„Ова дефинитивно е најчудниот од многуте чудни романи на Виjан, и токму заради тоа е и најдобриот.“

Boston Globe

„Есен во Пекинг е класика на современата книжевност.“

Ален Роб-Грије



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани