ТИВОК ХАОС

Сандро Веронези

превод од италијански: Калина Јанева


цена: 450 ден.




Тивок хаос (2005) е роман на италијанскиот автор Сандро Веронези, со кој ја освои најпрестижната италијанска книжевна награда „Стрега“. Истоимениот филм, базиран на романот, во режија на Антонио Грималди и со Нани Морети во главната улога, излезе во 2008 година.

„Не сме сами, само сме осамени“, ќе изјави самиот Веронези. Главниот јунак на романот ја живее својата осаменост пред училиштето на ќерка си. По неочекуваната смрт на свршеницата, „мора да си го обнови животот пред местото каде што луѓето одат да учат“, додава авторот. Романот е прекрасно напишан, меланхоличен и духовит, и ги преиспитува и подрива очекувањата на читателите за тоа како изгледа жалоста. Сандро Веронези од секој детаљ прави уметност, создавајќи мозаик од хумор, надеж и длабока проникливост.



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани