Очи со боја на чевли (второ издание)

(Мало чудо на македонската нова проза)

Петар Андоновски


 




Андоновски покажува огромен книжевен талент да изгради необичен книжевен лик, односно да направи вешта игра на два комплементарни лика, да го прикаже дејството прекршено преку раскажувањето првин на едниот, а потоа на другиот лик, да внесе многу мунициозни детали во раскажувањето, и на крај, ирониски да ја прекрши суровата општествена реалност во позадината на високо естетизираната приказна.

Роберт Алаѓозовски, Економија и бизнис

Романот на Петар Андоновски „Очи со боја на чевли“ е дебитантско изненадување. Иако е првенче, книгата носи зрелост во писателскиот израз каков што не се среќава и кај поискусни писатели. Делото е психолошка новела на тема прогонувач – прогонет раскажана за двете страни.

Александра Јуруковска, Дневник

Додека читав, имав чувство дека гледам филм. Не знам зошто, но пред очи цело време ми излегуваше приказната за Амели Пулен. Можеби поради начинот на кои се раскажани приказните за Ема и Нестор, но можеби и поради тоа што романот е инспириран од фотографија на Јанаки Манаки, па и самиот произведува слики кај читателот.

Ѓоко Здравески, Репер



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани