ЃУБРЕ

Ирвин Велш

(2011, 425 страни)

превод од англиски: Калина Јанева

цена: 500 денари




Сериозна, перцептивна и ужасно смешна студија на реакционерната нарав... Како хуморист, моралист и автор на стравот и ужасот Велш во овој роман навистина дал сè од себе... ова му е веројатно најдоброто дело од Броење возови па наваму. Sunday Times

На еден токсичен начин, типичен за Хемиската генерација, Велш е нашиот најдобар автор на надреална општествена сатира. The Big Issue

Напишан на специфичен велшовски јазик, Ѓубре е прекрасно мрачен и смешен роман за развратот, моќта и злоупотребата на сè, практично. Стилот и формата се безобразно елегантни, а разорниот светоглед на Велш е многу убедлив. Mail on Sunday

Детективот Брус Робертсон е назначен на случајот на убиство и токму неговиот монолог ни открива едно срце на темнината од кое дури и Џозеф Конрад би го фатил срам. Неговиот лик е мотивиран само од мизантропија, пеколна мешавина од сите можни предрасуди на светов, како и неколку карактеристични само за него. Толку е обземен од овој свој гнев што на крајот имплодира, не може да функционира без мета за својата омраза. Го напаѓаат тении и крастави осипи, метафора за едно сепство решено да се самоуништи... Истражување на кревкоста на совеста, приказна за тоа како спомените и заблудите можат секого да збудалат. Express



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани