БАЊА

Жан-Филип Тусен

(2012, 102 страни)

превод од француски: Катерина Кировска

цена: 190 денари




Романот на Тусен започнува во еден навидум мирен и обичен ден. И одеднаш, една стрелка од пикадо лета низ воздухот и се забодува во челото на придружничката на нараторот. Се понатаму е чист, детерминиран хаос исполнет со многу хумор.
Има некоја чудна привлечност во стилот и во изразувањето на Тусен. Тие се прецизни, ритмични, течни, како да му се лизгаме низ раце. И на крај тука се настаните, или не-настаните, кои се случуваат во непосредна близина на главниот лик. До тенкост е опишано што се случува на дофатот од раката или од погледот на ликовите, кои се луѓе од обичниот живот - средна висока класа. Ги гледаме како се муваат, ги слушаме како зборуваат, како се прегрнуваат... ги гледаме кога ќе им се истопорат на гости двајца Полјаци. Одеднаш во рамниот и едноличен живот несреќата со стрелката од пикадо зема форма на распаметувачка катаклизма. Крајно луцидно и забавно четиво.



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани