КРАЈОТ НА ЕДЕН СЕМЕЕН РОМАН

Петер Надаш

(2012, 164 страни)

превод од унгарски: Златко Панзов

цена: 270 денари




Роман кој се развива во концентрички кругови, ги истражува длабочините на еврејското минато, со цел да направи една синтеза од митолошката, историската и политичката стварност. Призмата е на едно дете, Петер Шимон, кое раскажува за врската со деда си и за нивниот живот во времето на комунизмот. Романот завршува со еден збор: „Не.“ New York Times

Речиси ништо во романот не е така како што изгледа, а читателот честопати се фаќа како се навраќа назад за да провери дали некоја назнака има врска со нешто што претходно се случило. Надаш бара да се внимава на историскиот контекст, но како да сака да вознемири, да му ги пренесе на читателот емоционалната напнатост и несигурноста на приказната. Vienna Review



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани