ОТПОРОТ Е ЗАЛУДЕН

роман кој го навестува задгробниот живот на демократијата

Валтер Сити


цена: 380 ден.




Многу истраги ни имаат укажувано за „сивата зона“ меѓу организираниот криминал и светот на финансиите, составен од податливи банкари, бескрупулозни брокери, корумпирани политичари, втора генерација криминалци со дипломи по економски науки, топло дочекани во најраскошните и најнеочекувани средини. Но тешко е да се замислат во секојдневниот живот. Валтер Сити ги ползува ресурсите на книжевноста за да ни понуди живописен приказ на Томазо: момче со проблеми во минатото, несуден математичар и финансиски жонглер. Околу него се врти свет каде што парите владеат и изобличуваат, каде што „сопственоста е единствената вредносна мера“, телото е валута, а насилството е деловна предност. Запознаваме една умна спонзоруша и ангажирана писателка, ведар криминалец од римските предградија и меѓународен мафијаш што своето раководство го толкува како мисија. Свет каде што валканите и чистите пари се врзуваат во нераскинлив јазол, додека разликата меѓу доброто и злото се чини неизвесна и нестварна. Во своето наративно истражување на коренитите промени на совремието, Валтер Сити во Отпорот е залуден го навестува задгробниот живот на демократијата: пекол што бара луцидно да се погледне и доживее пред (можеби и радикално) да се отфрли.



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани