КОСКЕНИ ЧАСОВНИЦИ

...духовит, трогателен и застрашувачки, вистински триумф на фантазијата...

Дејвид Мичел


цена: 590 ден.




Со „Коскени часовници“ Дејвид Мичел ја заокружува неформалната трилогија која ја сочинуваат неговите претходни два романи, „Атлас на облаците“ и „Илјадагодишната есен на Јакоб де Зут“. Следејќи го истиот модел на шест преплетени приказни, Мичел и во овој роман гради своевиден книжевен калеидоскоп, во кој централната фигура која ги обединува засебните приказни е главниот лик – Холи Сајкс. Така, книгата следи шест децении од животот на Холи, почнувајќи од 1984, па сè до „далечната“ иднина во 2045 година. Ова му овозможува на авторот не само да врати дел од познатите ликови од неговите претходни романи, туку и да направи мешавина од неколку книжевни жанрови - од тинејџерски семеен роман, преку психолошки трилер, до фантастика и еколошка дистопија. Со тоа Мичел го заокружува целото свое творештво во еден универзум низ кој се појавуваат познати ликови и теми, но секогаш низ свежа и провокативна перспектива. „Коскени часовници“ е роман кој патува низ времето, низ културите и низ жанровите - иновативна нарација и креирање на нов свет во книжевноста.



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани