КУЌА ЗА СРЕДБИ

Ален Роб-Грије

(2012, 216 страни)

превод од француски: Валентина Новачева

цена: 299 денари




Според Ален Роб-Грије, пишувањето е соочување со самиот себеси. Тој го расчленува раскажувањето на романот за да создаде впечаток на „симултаност од различни точки на гледања". Со еден збор, се откажува од сезнаечкото и однапред конципирано раскажување и ја прифаќа сосотојбата на недоверливост и несигурност. За стилскиот израз на Роб-Грије како мошне важна се истакнува тактилноста и чувствителната фрагментарност додека се текстуализира „текот на нештата".

Романот „Куќа за средби" потврдува зошто Грије, кој се смета за водечки теоретичар и практичар на нуво роман, е еден од најконтраверзните и најоспоруваните автори во поствоената ера. Во „Куќа за средби", мајсторот на „новиот роман" создава свет на злосторство, интриги и страст кои се случуваат во мистериозната Вилла Блеуе, со која раководи Леди Ава. Сместено во Хонг Конг, дејствието на романот се одвива во текот на една вечер, но настаните од вечерта периодично се повторуваат од различните перспективи на ликовите. Роб-Грије создава едно „разложено" дело кои ја доведуваат во прашање преставата за субјективност и објективност, имагинација и факти, како и целата постапка на раскажување



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани