АЛЧНОСТ

Елфриде Јелинек

(2012, 467 страни)

превод од германски: Ксенија Чочкова

цена: 500 денари




Селскиот жандарм Курт Јаниш – “добар на изглед маж, овој жандарм, каков што ни се допаѓа нам, на жените” – фрлил поглед на имотот на осамените жени, и е опседнат со алчноста за пари и посед. А како полицаец тој знае каде да ги најде жртвите: на селските улици, каде во својот бележник си ги запишува нивните регистерски таблички и адреси. Првата жртва е жена во средни години, која се преселила од град на село за да живее сама и во складност со природата, која на ниту еден начин не му е дорасната на жандармот, бидејќи тој кај неа буди сексуална зависност само за да дојде до нејзината куќа. Потоа тука е и една многу млада девојка, која уште не наполнила ни шеснаесет години, но исто така се вљубува во овој маж. Сепак, првата почнува да насетува што е тоа што го интересира жандармот.

"Елфриде Јелинек е класична воајерка прикована за прозорецот, онаму каде што домуваат сурово потиснатите чувства. Покрај тој прозорец изминува светот. Но светот не е убав. Тој е едно животно, маж, убиец на жени." (Die Zeit)

Злобниот поглед на Јелинек и во овој роман не изгубил од својата острина. Тој повторно се занимава со клишеа, тривијалности и патриотска заслепеност. Сета одвратност, претпазливо набљудувана под лупата е само парабола: за поразот и пропаста на денешницата во целост, и особено за пропаста на денешна Австрија. (Die Welt)

Не, Јелинек не поштедува никого, дури ни себеси. Таа се бори со сите средства, со сатира и иронија, со извадоци од весници, огласи и реклами, со свесно извртените слики против владеачките клишеа, дури и кога се чувствува колку самата таа страда заради природата на жените и нивната потисната улога. (Die Woche)



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани