ВО ТРАГАТА НА БРОДОТ

Пер Петешон

(2012, 194 страни)

превод од норвешки: Искра Бадева

цена: 350 денари




Една катастрофа го погодува семејството на Арвид. Шест години подоцна Арвид преживува неколку седмици во кои тој на некој начин се наоѓа „во трагата на бродот“, во врска со несфатливото што се има случено, во врска со одживеаниот живот, неговиот сопствен и на другите, живот кој е завршен и нешта кои се направени, а со кои веќе ништо не може да се направи. Посебно е сеќавањето на татко му со кое Арвид се соочува, со прашањето што е тоа тага, дали тоа се однесува и на жената и децата со кои веќе не живее заедно, како и на преживеаниот брат. Тонот е груб, црниот хумор нагласен, а јазичната уметност постојана. Впрочем, како и секогаш во романите на Петешон.

„Романот е неверојатен, како скок во вода студена како мраз ... проза која речиси може да се вдише“ The Guardian

„Најголемите скандинавски писатели отсекогаш инсистираат на универзалното во поединечното доживување; Петешон има докажано дека припаѓа во тоа друштво“ The Independent

„Во трагата на бродот" е уметничко дело од роман; студија на анатомијата на човечката катастрофа и психологија. Со врвен стилистички допир, Пер Петешон обединува мелодрама со длабока објективност, а тоа е непобедлива литературна хемија“ Лаш Соби Кристенсен, автор на романот "Полубратот"



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани