Едно лето со Бодлер

ЕДНО ЛЕТО СО БОДЛЕР

Антоан Компањон


цена: 200 денари




Ниеден поет не ни оставил толку впечатливи стихови. Ниеден писател не зборувал подобро за љубовта, за сплинот, за патувањето. За него, летото било неповратното годишно време на детството, изгубениот рај што неговата поезија би сакала одново да го пронајде.

Модерен и антимодерен, Бодлер останува наш современик, иако некои од неговите ставови можат да нè вџасат. Тој го мразел напредокот, се интересирал за фотографијата за да ја омаловажи, помислувал да се самоубие затоа што весниците го зголемувале тиражот, се соочувал со вечното Зло.

Делото на овој повреден човек – поезија во стихови и во проза, уметничка и книжевна критика, интимни извадоци, сатири и памфлети – најпрво било осудено поради провокациите во него. Кратко потоа, им се придружило на класиците.

Бодлер, кој им се воодушевувал на Делакроа и на Мане, бил еден од најпроникливите набљудувачи на десакрализацијата на уметноста во модерниот свет. Денди, пријател на собирачите на партали, тој бил битие на парадоксот и на оригиналноста.

„Скокајќи и потскокнувајќи“, како во Едно лето со Монтењ, со книгава на Антоан Компањон ги препрочитуваме Цвеќињата на злото и Сплинот на Париз. Во триесет и три поглавја, тој нè кани да споделиме еден Бодлер што останува единствен и не допушта никакво поедноставување.



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани