ЉУБОВНО ПИСМО СО КЛИНЕСТИ ЗНАЦИ

Томаш Змешкал

(2013, 310 страни)

превод од чешки: Маргарета Карајанова

цена: 390 денари




Томаш Змешкал ги вчудовиде чешкиот книжевен свет и читателската јавност со дебитантскиот роман „Љубовно писмо со клинести знаци“, за кој ја доби престижната чешка награда за литература „Јозеф Шкворецки“ во 2009 година, како и наградата на Европската унија за литература за најдобри нови писатели, заедно со уште единаесет автори, во 2011 година. Оттогаш доживеа светска слава и преведен е на многу јазици.

Постмодернистичката сага, стилски, но и жанровски разновидна, изобилува со хумор, иако историските околности во кои се случува се многу тажни. Во романот со строго обмислена структура, авторот не се ограничува на историскиот период на живеење на неговите ликови. Неговата фантазија досегнува до древното хетитско и персиско минато, но и далечната иднина. Приказните се нижат, но не по хронолошки редослед, за да се состават на крајот во совршен богат мозаик. Токму тоа од романот на Змешкал прави ремек-дело на современата европска книжевност.



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани