ТАЛКАЧИ

Олга Токарчук

(2013, 397 страни)

превод од полски: Лидија Танушевска

цена: 420 денари




Романот "Талкачи" на Олга Токарчук е метафора за современиот човек, кој е во постојано движење. Романот претставува патување низ просторот, континентите и вековите, мешавина од судбини на различни луѓе, информации за необични феномени и научни предавања, кои читателот ги конзумира како во воз чии патници постојано се менуваат и раскажуваат различни приказни. Целта на патникот е да се откачи од реалноста, која е хаотична, сурова и гнила, додека современиот човек е талкачот кој го преуредува светот. Ова е личната визија на Олга Токарчук за светот, чиј напредок го уништува духовното, а го овековечува материјалното. „Талкачи“ е добитник на полската награда "Нике" за 2008 г.



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани