РАСТРОЕНА ЖЕНА

Јулија Франк

(2013, 390 страни)

превод од германски: Ксенија Чочкова

цена: 420 денари




„Она што е суштинско, вели една поговорка, не може да се види, тоа е невидливо и достапно му е само на срцето. Кај Јулија Франк може буквално да се фати во рацете, да се помириса. „Растроена жена “ е голем роман за молчењето.“

Едо Рентс, Франкфуртер Алгемајне Цајтунг

„Дури и кога во книгата се зборува за злоупотреба, измачување и силување, за трупови, секс, смрт и раѓање, за светските војни, еутаназија и убивањето на Евреите – јазикот на Јулија Франк никогаш не ја губи сталоженоста.“

Тобијас Ритер, Франкфуртер Алгемајне Зонтагцајтунг

„Јулија Франк е писателка која умее да раскажува и ова одново го докажува со својот нов роман „Растроена жена.“ Таа се обидува да го прикаже згаснувањето и замрзнувањето на еден лик, кој не може да стане она што сака да стане, бидејќи времето не го дозволува тоа.“

Ута Бајкифнер, Берлинер Цајтунг



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани