ПОЛУБРАТОТ

Ларс Соби Кристенсен

(2013, 639 страни)

превод од норвешки: Искра Бадева

цена: 590 денари




Полубратот е приказна за двајца браќа – Фред и Барнум – кои се борат да станат исполнети поединци додека растат во ексцентрично семејство во Осло. Романот ги следи низ сите етапи на животот. Тоа е наратив со богата, жива историска основа во кој се испреплетени и неколку паралелни приказни. Овој прекрасен роман е ценет и од критичарите и од читателите. Романот има добиено многу награди, меѓу кои и наградите на Нордискиот совет, наградата Браге и наградата на книжарите. Според него е снимена и многу популарна тв серија.

“Полубратот е од оној вид на големи амбициозни панорамски романи за кои мислиме дека само Американците ги пишуваат во последно време. Тој е делумно Билдунгсроман – опишувајќи го развојот на еден писател, еден вид Улис за Осло... Големо вредно четиво.“ Daily Telegraph



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани