КНИГА НА СЕЌАВАЊА 1&2

Петер Надаш

(2013, 917 страни)

превод од унгарски: Златко Панзов

цена: 690 денари




Сузан Сонтаг, романот „Книга на сеќавања“ од Петер Надаш го нарече „најдобриот роман напишан во наше време“.

Според Хофман, комунистичката Источна Европа ретко е гледана како предмет за рефлексија на Пруст. Романсиерите од овој ден на светот за време на студената војна настојувале системот да им биде главна тема, длабоко загризувајќи во мрачна сатира и бесмислосна алегорија. Но Петер Надаш во „Книга на сеќавања“, остварил еден изворенреден интересен потфат: во романот пренесува една свесност за Социјалистичкиот универзум и го затвора процепот меѓу предвоениот модернизам и Источна Европа. Овој огромен, психолошки комплекс, сензуално напишан роман успешно е поврзан со историската реланост, та поминал неколку години цензурски заборав пред да биде објавен во 1986 година.

Името на Томас Ман често се доведува во релација со Надаш, како негов предходник на таа романсиерска традиција, која тој ја продолжува и предизвикува. Во секој случај романите на Ман имале големо влијание врз оние на Надаш.

Во романот „Книга на сеќавања“ авторот го опишува светот како систем на релации кои ги поврзуваат човечките тела едно со друго. Романот започнува да го пишува во седумдесеттите, работи на него десеттина години во многу опасни услови, дури со замисла дека никогаш нема да биде објавен. Мотото на овој роман е земен од евангелието спорен Јован: „Но Тој зборуваше за Храмот на Своето тело.“

Романот е преполн со такви врски, особени и фатални источноевропски јазли во кои секој аспект од личниот живот е заплеткан со идеологијата, и ужасните јавни лаги и предавства повторно се создаваат во микрокосмосот на приватните врски.



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани