ЕДНОМИНУТНИ НОВЕЛИ

Иштван Еркењ

превод од унгарски: Анамарија Цинеге Панзова и Златко Панзов




цена: 250 денари




Едноминутните новели во Унгарија се слават како литературна сензација, како нов вид кратка прозна форма.

Новелите се толку типично еркењски што никој не се осмелува да ги пишува, од почит кон нивниот татко.

Еркењ со децении го оформувал овој жанр со цел да го приспособи кон својата духовитост. Едноминутната новела настанува со исфрлање на сè што е неопходно за текстот, а функционира преку формулата „минимум исказ од страна на писателот и максимум имагинација на читателот.“

Во овие куси раскази обединети се елементи на анегдота, виц, бајка, легенда, мит, градски фолклор, новинарски жанрови. Авторот успева да создаде атмосфера во која се мешаат црниот хумор, апсурдот, параболата, политичката сатира.

Погледнато од историска перспектива, гротеската на Еркењ се вклопува во книжевната традиција на т.н. „источноевропска гротеска“, која според Естерхази е плод на огромната разлика меѓу привидното и реалноста во изминатите децении на тие простори. Во таа смисла Еркењ е дел од книжевната концепција што ја преставуваат Хашек, Храбал, Мрожек, Ружевич, Илф и Петров.

„Ако постои некоја голема илустрирана книга за унгарската историја тогаш Едноминутните новели на Еркењ се објаснувањата под илустрациите.“

Петер Надаш

„Тажен, многу напатен човек. Вака отсекогаш мислев за него. Мој современик, Источноевропеец, па така - ab ovo - тој знае многу. Многу, а сепак - ab ovo – недоволно. Си мислев сево ова можам да го видам на неговото загрижено, избраздено, насмеано лице.“

Петер Естерхази



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани