ПОСЕТАТА НА ДВОРСКИОТ ЛЕКАР

Пер Улов Енквист

(2014, 390 страни)

превод од шведски: Родна Русковска

цена: 350 денари




Дејството во романот на Енквист е сместено во 1760-тите, период кога Просветителството го доживува својот врв. Младиот дански крал, Кристијан Седми, е недоквакан. Неговата кралица, англиската принцеза Каролин Матилде, е заљубена во неговиот најдоверлив советник, дворскиот лекар Струнзе. Гулдберг, ладнокрвен религиозен фанатик, е решен да ги поништи просветителските идеи што Струнзе ги воведува во Данска. Тој што ќе издржи до крајот во нивната горчлива идеолошка битка, ќе го контролира не само кралот, туку и државата.

Прељуба, лудило, забодување ножеви во грб и благородничка крв... Енквист брилијантно претставува една драматична ера во данската историја, испреплетувајќи многу историски личности, како Волтер, Дидро, Катерина Велика и Џорџ Трети, во приказна за немилосрдна политичка амбиција и личното предавство.



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани