Прикажани се 2 книги

  • НО-УИ

    „Чудесна проза! Еве ја одново одличната Лидија Димковска чие око вешто ги пронаоѓа како големи и ги става во преден план малите човечки судбини кои потресно ја ткаат возбудливата таписерија на животот. Во цврста структура што им се спротивставува на бурните историски настани и премрежија, колку далечни, толку и сегашни, приказната на една баба и една внука, лоцирана низ повеќе десетлетија со шарм на спокојна едноставност и со моќ на судбинска неминовност, во оваа проза го добива заслужениот химничен призвук“.

    Оливера Николова

    Но-Уи е првиот вистински винтиџ роман во високата прозна мода во македонската книжевност. Љубов – втемелена во броени зборови во телеграма. Стоп. Јазик – поробен од молк. Стоп. Заборавен од преголемо сакање. Стоп. Низ речениците се војва девојка која плаче по споменик како по момче; жена која со венчаница во куфер оди на крајот на светот по маж; баба која пие две мориња, Јадранското и Тиренското, налеани во очите на дедото на нејзиниот живот и на нејзината смрт. И сето тоа, „за инает“ и на книжевноста и на модата на големите светски јазици“.

    Оливера Ќорвезироска

    250,00 ден300,00 ден
  • Резервен живот

    Петто издание на добитникот на „Романот на годината“ 2012 на Друштво на писатели на Македонија и „Европската награда за литература“ 2013

    “Резервен живот” е втор роман потпишан од Лидија Димковска, несомнено најсилниот творечки глас од генерацијата македонски писатели родени во седумдесеттите. Реткост е, не само кај нас, да се биде подеднакво успешен и во поезијата, и во прозата, но таа реткост е правило кај Димковска, правило кое го потврдува со секоја своја објава – таа е подеднакво моќна во своите пет поетски збирки (за чија вредност сведочат бројните избори објавени во странство, и неколкуте високи меѓународни признанија), како и во романот „Скриена камера“ (за кој ја доби наградата „Стале Попов“ и е преведен на неколку јазици).

    „Резервен живот“ е приказна за две сијамски близначки родени со споени глави, Злата и Сребра, и за нивната потрага по смислата на животот обележан од физичката мана во семејната и општествената средина на осаменост, другост и (не)прифатеност. Личната драма чие испишување се протега во периодот од 1984 до 2012 год. од Скопје до Лондон и назад, е отсликана на фонот на времето ние кое протекува животот на нараторката Злата опфаќајќи ги и оние настани кои се дел не само од индивидуалната, туку и од колективната меморија и историја. Играта на претскажување на судбината со која романот започнува се исполнува на ироничен и трагичен начин, а романот го завршува својот круг со реплика на почетната сцена на делото, но во која нараторката не е повеќе учесник, туку нејзин сведок. Романот преку необични пресврти, психолошка анализа, специфичен пристап кон љубовта, стварноста и кон времето во кое живееме ја истакнува храброста на Димковска да им даде книжевен облик на актуелностите на нашето време и на судбината на човечкото битие. Гоце Смилевски

    300,00 ден420,00 ден