Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2020 |
Број на страници | 281 |
Превод/Препев | превод од унгарски јазик: Анамарија и Златко Панзови |
- Не можете да додадете "Гол живот" во кошничката, бидејќи продуктот нема залиха.
заштеди
150,00 денКревки ангели
200,00 ден350,00 ден
Четириесетгодишната наставничка чека судска пресуда, додека се обидува да го состави мозаикот на нејзината судбина лежејќи во болница. Каде ѝ се урнисал животот? Дали неуспехот на нејзиното постоење е запишан во нејзиното тело, во историјата или во природата на бракот?
На страниците на „Кревки ангели“ ги исчитуваме сеќавањата на Ливија: обидите на една нестабилна личност да си го спаси минатото, како го запознала сопругот, надежен спортист, нивната борба, а потоа и откажување од добивање дете, како ги доживеале авантуристичките превирања на транзицијата, и конечно, како се соочиле со фактот дека веќе нема каде да побегнат еден од друг.
Ноеми Киш, со јазикот на литературата, зборува за животните лаги, семејното насилство, физичката и менталната неплодност.
Романот „Кревки ангели“ е истовремено сензуален и далечен, жестоко интимен и апстрактно студен.
Ноеми Киш(1974) е унгарска писателка, преведувачка и критичарка.
Студирала унгарски, компаратистика и социјологија во Мишколц, Унгарија и Констанца, Германија.
Позначајни дела: „Транс“ (2006), „Парталава скривница“ (патопис за Балканот, Кавказ и Источна Европа, 2009), „Мајка на близнаци“ (2013), „Кревки ангели“ (2015), „Балатон“ (2020).
Пишува есеи и монографии: фотографијата во литературата, Пол Селан итн. Активист за заштита на правата на жените. Нејзините дела се преведувани на англиски, германски, бугарски, српски и романски јазик.
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.