Кревки ангели

200,00 ден350,00 ден

Четириесетгодишната наставничка чека судска пресуда, додека се обидува да го состави мозаикот на нејзината судбина лежејќи во болница. Каде ѝ се урнисал животот? Дали неуспехот на нејзиното постоење е запишан во нејзиното тело, во историјата или во природата на бракот?

На страниците на „Кревки ангели“ ги исчитуваме сеќавањата на Ливија: обидите на една нестабилна личност да си го спаси минатото, како го запознала сопругот, надежен спортист, нивната борба, а потоа и откажување од добивање дете, како ги доживеале авантуристичките превирања на транзицијата, и конечно, како се соочиле со фактот дека веќе нема каде да побегнат еден од друг.

Ноеми Киш, со јазикот на литературата, зборува за животните лаги, семејното насилство, физичката и менталната неплодност.

Романот „Кревки ангели“ е истовремено сензуален и далечен, жестоко интимен и апстрактно студен.

Купи сега Прочитај повеќе