Мачешки писма

Од (автор)Оја Бајдар

250,00 ден350,00 ден

Во романот „Мачешки писма“ главни ликови се мачките, кои бараат одговор на прашањата: Која е смислата на животот? Дали човекот кога го поставува ова прашање, може да биде среќен и спокоен? Дали мачката што го поставува ова прашање може и натаму да биде мачка?

Судбините на човекот и на мачките се тесно поврзани. Дали среде големата и бурна пресвртница во историјата на човештвото, стравувањата, тагата, радоста, надежта, еден грст откорнати и прогонети луѓе заедно со нивните мачки се вистинското огледало на човекот којшто е способен да размислува?

Сите што ќе го прочитаат романов, повеќе нема да ги гледаат мачките со исти очи, и секоја мачка што ќе го прочита романот повеќе нема да ги гледа луѓето со исти очи. Пријателите на мачките во романот ќе најдат интересни и убави анализи за себе. Оваа книга во вистинска смисла е огледало на љубителите на мачки. Сите наши опсесии, комплекси, радости, амбиции се толку добро и неодоливо раскажани.

ШИФРА: 98
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2014

Број на страници

242

Превод/Препев

превод од турски: Ѓулнихал Исмаил

Оја Бајдар (1940) е родена во Истанбул, каде уште како ученичка во француската женска гимназија “Нотр Дам де Сион” за малку ќе била избркана поради нејзиниот роман „Господ ги заборави децата“. Во 1964 дипломирала на отсекот социологија на истанбулскиот универзитет и во истата година ја примаат како асистент на истата катедра.

Бидејќи нејзината докторска теза „Раѓањето на работничката класа во Турција“ двапати и’ е одбиена од страна на наставничкиот совет, студентите со протести го окупираат универзитетот, што претставува прва окупација на еден Универзитет во Турција.

За време на воениот удар во 1971, ја апсат поради нејзиното декларирање како социјалист, а во периодот меѓу 1972-1974 работи како колумнист во повеќе весници. По воениот удар на 12.09.1980, бега во странство и во СР Германија останува се’ до 1992, каде што одблизу го набљудува пропаѓањето на социјалистичкиот систем.

Наградувана е за многу свои романи, а за „Мачешки писма“ (1993) ја доби престижната награда „Јунус Нади“.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.