Медеја

Од (автор)Л. А. Сенека

200,00 ден

Во фокусот на трагедијата „Медеја“ од Л. А. Сенека се нескротливиот гнев и страдањето што гневот може да го предизвика. Ако со силата на разумот човек не успее да го скроти, гневот како жесток и бесен пламен немилосрдно пустоши и разорува сè пред себе.

Медеја не може да го скроти разоглавениот гнев што во неа го предизвикува новиот брак на нејзинот љубен сопруг Јасон. За да му се одмазди на Јасон за прељубата, извршува злосторство со кое и самата станува жртва.

#CreativeEurope4Books

ШИФРА: 281
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2021

Број на страници

96

Превод/Препев

Превод од латински јазик: Светлана Кочовска-Стевовиќ

Лукиј Анај Сенека е философ, државник, поет и трагедиограф од I век н.е.

Автор е на прочуените Писма до Лукилиј, на повеќе философски есеи во кои третира етички теми, на еден спис од областа на философијата на природата, една сатира и осум трагедии: Медеја, Споулавениот Херакле, Тиест, Агамемнон, Ојдип, Тројанки, Фајдра и Феникијки.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.