Смоква

370,00 ден

„Смоква“ е досега најкомплексниот и најзрел роман на Војновиќ, значително поинтимен, фокусиран на судбината на три генерации од едно семејство, битно обележан со некогашната заедничка држава и со нејзиниот распад.

Како и сите претходни романи, така и овој ги надминува границите на матичната словенечка книжевност, првенствено поради темите со кои се занимава, поради јазикот со кој се служи и поради сместеноста на фабулата, но и поради преокупацијата со прашањето на идентитетот и на неговото создавање.

„Смоква“ врие од силни, но прикриени емоции, а од сочниот и презреан медитерански плод, кој пука по шевовите, капе семејната сага во која се преплетуваат судбини, љубови, неостварени желби и суровите реалности од нашите животи.

За овој роман авторот по трет пат ја доби наградата „Кресник“ во Словенија.

ШИФРА: 182
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2020

Број на страници

370

Превод/Препев

превод од словенечки: Давор Стојановски

Горан Војновиќ (1980, Љубљана) е словенечки режисер, писател и колумнист. Автор е на романите: „Јужњаци, надвор!“ (2008), „Југославија, моја дежела“ (2012) и „Смоква“ (2016.)

За секој од овие романи ја добива престижната „Кресникова награда“.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.