Страв од варвари

250,00 ден

Неколку дена по падот на Берлинскиот ѕид, додека цела Европа е во исчекување што е следно, на најјужната точка на Европа постои еден остров каде малкуте луѓе кои останале таму, живеат заборавени од сите. Нив историјата постојано ги одминува, ги одминале и лепрата и гладот, и таман кога ќе помислат дека и овој пат ќе ги одмине историјата, на островот пристигаат тројца странци. Двајца мажи и една жена. И ништо повеќе не е исто.

 

*Романот е добитник на „Наградата за литература на Европската унија“ за 2020 година.

Распродадено

ШИФРА: 161
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2020

Број на страници

109

Петар Андоновски (1987, Куманово) е автор на: „Ментален простор“ (поезија, 2008), „Очи со боја на чевли“ (роман, 2013, три изданија), „Телото во кое треба да се живее“ (роман, 2015, три изданија), „Страв од варвари“ (роман, 2018).

Добитник е на наградата „Роман на годината“ на Утрински весник за романот „Телото во кое треба да се живее“.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.