Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2021 |
Број на страници | 312 |
Жените Гаврилови
420,00 ден
Преработено и проширено новo издание на култниот роман на Кица Колбе од 2008 година.
Игрите со јазикот се ненаметливи, доаѓаат некако природно, како самиот читател да трага по зборовите на своите предци и оддеднаш се наоѓа пред портата на некој странски јазик. Секој барем еднаш се соочил со тешкотијата да засака некој нов јазик како свој. Таа љубов – да се вдомиш во јазикот на нечија туѓа култура- е привлечна, но и тешка. За ова пишува и авторката на „Жените Гаврилови“. Нејзината приказна е на оската Македонија-Германија меѓу двете култури и двата (или повеќе) дома. Тука е отворено и прашањето за гастербајтерите, за мигрантите, за луѓето кои среќата ја бараат на друго место и за оние кои во таа потрага често се губат себеси.
Колбе не пишува прв пат на оваа тема, таа егзилот го третираше и во своите претходни дела – автобиографскиот роман „Егејци“ и романот „Снегот во Казбланка“. И таму преѓа беа личните приказни на главните јунаци, што во „Жените Гаврилови“ продолжува како природно ткање на еден голем ќилим. Шарата се раѓа сама од себе, од внатрешниот порив на ткајачката, на уметницата , на жената.
Кица Колбе (1951) студирала филозофија на универзитетите во Скопје и Белград. Магистрирала на естетиката на Теодор В. Адорно, а докторирала на германската естетика од 18-от век. Неколку години работела на катедрата за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје.
Од 1990-тата се посветува целосно на прозата, особено на романот. Нејзини дела се: „Егејци“ (Култура, 1990), „Снегот во Казабланка“ (Три, 2005 – прво издание; Магор, 2007 – второ издание), „Жените Гаврилови“ (Табернакул, 2008) и „Река во наследство“, Ein Fluss als Erbe (Скопје и Лангенфелд, 2009).
„Снегот во Казабланка“ е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2006 година, а „Жените Гаврилови“ во 2009-та беше македонска номинација за наградата „Балканика“.
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.