Видео запис од промоцијата на “Еврејска работа“

Видео запис од промоцијата на “Еврејска работа“

Иако културната мапа на Скопје таа вечер изобилуваше со настани, гостувањето на полскиот писател Миколај Гринберг предизвика внимание, особено кај љубителите на квалитетната литература. Во „Буква“ на 18 август се случи уште една прекрасна промоција на книга благодарение на одличните протагонисти: промоторката Лидија Димковска со луцидните прашања, преведувачката Лидија Танушевска и нејзиниот јазичен перфекционизам, и […]

Промоција на „Еврејска работа“ од Миколај Гринберг!

Промоција на „Еврејска работа“ од Миколај Гринберг!

Почитувани читатели,Ве покануваме во четврток во 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“ на промоцијата на збирката раскази „Еврејска работа“ со присуство на полскиот писател Миколај Гринберг. Книгата ќе ја промовира нашата позната писателка Лидија Димковска.   Ова е книгата која имаше прекрасен прием во матичната земја, и за која Нобеловката Олга Токарчук потенцираше: „Овие мали проникливи […]

Видео запис од гостувањето на Кристина Тот

Видео запис од гостувањето на Кристина Тот

Прекрасна промоција се случи на 17 јуни во „Буква“, кога ни гостуваше популарната унгарска писателка Кристина Тот. Промотори на нејзината книга за деца „Приказни од облаци“ беа Калина Малеска и Николина Андова-Шопова. Повелете видео запис од настанот. #CreativeEurope4Books

Видео запис од промоцијата на романот „Молчи со отворена уста“

Видео запис од промоцијата на романот „Молчи со отворена уста“

Точно по половина година од промоцијата на книгата „Молчи со отворена уста“, вториот роман на Снежана Младеновска Анѓелков, кој во меѓувреме влезе во финалето на наградата “Роман на годината“ на Фондацијата „Славко Јаневски“, се потсетуваме на таа прекрасна вечер во МКЦ Клуб ресторанот преку видео запис од настанот. Повеќе за книгата и авторката, на следниот […]

Промоција на „Филмски град“ од Игор Анѓелков

Промоција на „Филмски град“ од Игор Анѓелков

На 08 октомври во фоајето на киното „Фросина“ во МКЦ ќе се одржи промоцијата на втората есеистичка книга за седмата уметност од Игор Анѓелков, „Филмски град“. Промотори се Стефан Сидовски и Оливера Ќорвезироска. Почеток во 19.30. Повелете 😉

Гостување на Оршоја Карафиат во Скопје

Гостување на Оршоја Карафиат во Скопје

Во рамките на програмата КРЕАТИВНА ЕВРОПА на ЕУ, во организација на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ, а по повод преводот на романот МАЛЕЧКАТА ЛИЛИ, од 22 до 24 септември 2015 во Скопје гостуваше унгарската писателка Оршоја Карафиат. Се надеваме дека видеото ќе ви го доближи светогледот на оваа современа унгарска авторка, прилично популарна во нејзината земја.

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна