ИЛИ-ИЛИ
ИЛИ-ИЛИ е издавачка куќа која е насочена кон објавување преводи на современи светски автори. Исто така, нашата почитувана едиција ПРОаЗА ја проширивме и со објавување на млади домашни автори, кои со својот интересен ракопис го збогатуваат фондот на македонската литература и кои во меѓувреме се закитија со неколку значајни награди (Роман на годината на Утрински весник ("11 жени"), Роман на годината на ДПМ ("Резервен живот"). Од неодамна започнавме и со есеистичка едиција во која објавивме значајни книги од современите светски филозофи и теоретичари.
Во рамките на издавачката куќа функционира и истоимената книжарница, која во последниве десет години стекна широк круг на читатели, кои знаеја да ја препознаат квалитетната понуда на преводна и литература потпишана од новата генерација на македонски автори.