Џанг Ајлинг (Zhang Ailing, Eileen Cheng), 1920-1995, е родена во Шангај во влијателно аристократско семејство.
„Златен оков“ е едно од нејзините први и најуспешни дела, кое излегува во 1943 година во шангајското книжевено списание „Магазин“(杂志), а повторно е реиздадено една година подоцна во збирката „Легенди“.
За уникатната вредност на Џанг Ајлинг како автор не говорат само многубројните истражувања и конференции посветени на нејзиното дело, туку и големата популарност. Нејзините текстови до ден денес се преведуваат, реиздаваат, се преработуваат во театарски претстави, блокбастер филмови, пекиншки опери и ТВ новели, со што ја потврдуваат безвременската вредност на нејзиното дело кое се’ уште комуницира и со човекот на денешницата.
-
Златен оков
Несомнено, во Вашите раце држите драгоцена книга, која според многумина е најдобрата кинеска новела во 20. век, и секако, таа е еден од ретките преводи од кинески на македонски јазик.
Провокацијата за превод на Џанг Ајлинг потекна од фактот дека таа, како што вели нашата ценета преведеувачка Сара Цветановска, “ги прекалува искуствата од својата рана младост, прустовски се сеќава и пресеќава, создава уметност од сеќавањата, и преку секогаш новиот книжевен израз, при новото (о)пишување, ги преобличува и самите сеќавања”, сето тоа заради нејиниот татко, кој иако високо школуван и повластен, завршува како опиумски зависник, се преженува и во една прилика, заради пркос кон помајката, ја држи Ајлинг затворена во нејзината соба со месеци, истоштувајќи ја речиси до смрт. Токму ваквите искуства од „Златен оков“ прават мало ремек-дело, а книжевноста на Ајлинг ја споредуваат со онаа на Вирџинија Вулф, Џорџ Елиот, Франц Кафка, Фланери О`Конор…“
„Златен оков претставува остар и безмилосен опис на жена во една Кина која се менува, морален и ментален распад вклештен во Шангај во раните години на 20. век. Без сомнение, ликот на Седменка е еден од најнезаборавните иконични карактери во модерната кинеска книжевност“.
Kim Louie
170,00 ден