Горана Митровиќ дипломирала на Архитектонскиот факултет во Скопје.

По дебитантската книга „Индиго есен“ (Блесок, 2014), за ИЛИ-ИЛИ ги издава „Клупа меѓу светови“ (2016) и „Далечини“ (2017).

  • Клупа меѓу светови

    Втората поетска збирка „Клупа меѓу светови“ на Горана Митровиќ во која поетскиот субјект, тој „осамен нудист на брегот на изложените чувства“ со автентичен, бескомпромисен и човечки глас изјавува: ја знам единицата мерка за сопствената сила/ на крајот сум или на почетокот?!/најчиста бев кога изгубив сè/правиме плетенка од нашите судбини/во кругот сум/песни претворени во некролози/градот ми беше пружена дланка па сепак, брзав дома за да се осамам/убав е нашиот кревет кога не сме во него и др. заслужува да се прочита во целост за да се открие контекстот и суштината не само на посочените стихови туку и на секоја песна пооделно. Во свет во кој или животот и смртта нè лажат или се самозалажуваме, песните на Горана Митровиќ се песни „со кои се учи вистината“.

    Лидија Димковска

    100,00 ден200,00 ден
  • Далечини

    Со полни дробови, со полни очи, авторката со оваа збирка небаре сакала сета таа убавина да ја понесе со себе на некое друго место, на некое друго патување. Височините на Атос, морето, плажите, небото како метафора на слободате, на бескрајот, но и какоможно идно прибежиште. Песни полни со мирис на пролетни утра и будењето во нив. Да, радоста на будењето наспроти фактот дека еден ден нема да се разбудиме. Песни за помиреноста со извесноста, за болничките несоници. Особено се силни оние во кои доминира љубовта. Љубовта кон саканиот, но и кон светот несовршен, кон блиските, но и кон целото човештво. „Имам љубов за во вечноста,/ доволна во сегашноста, блиска/ од минатото“ (од песната „Ооо, љубави“). Велат дека добрите четива се читаат во еден здив. Ова, напротив, се чита дозирано, со долги паузи после неколку песни – затоа што мава, гори, гризе од искреност до болка. Книга што ја раскопува утробата и тера на преиспитување. Книга што ќе го победи времето.

    Јовица Ивановски

    100,00 ден200,00 ден